Насловна / Архитектура / МИТ Универзитет Скопје ја отвора изложбата: „Поетика на параметарската форма“

МИТ Универзитет Скопје ја отвора изложбата: „Поетика на параметарската форма“

Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје ја отвора изложбата: „Поетика на параметарската форма“.

Изложбата претставува завршна фаза и резултат од истражувачки процес во рамки на работилница од областа на архитектонските технологии, под менторство на вон. проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ од Архитектонскиот факултет – Универзитет во Белград. Преку примена на софтверите ‘Rhino’ и ‘Grasshopper, учесниците истражуваа односи меѓу параметарската логика, концептуалното размислување и уметничка експресија во архитектурата.

Ќе имате можност да видите оригинални графички композиции, цртежи, 3D модели и визуелни структури што го отсликуваат современиот дискурс на алгоритамско обликување и неговата естетска димензија.

На изложбата ќе се промовира и стручна публикација со резултатите од работилницата.

Отворање: Вторник, 20 мај 2025, во 19:00 часот
Локација: Галерија Метаноја, (ул. Максим Горки 16, Скопје)

Испрати коментар

Scroll To Top