До крајот на годината, Србија ќе потпише договор за воведување на обновливи извори на енергија во системите за далечинско греење во вкупна вредност од 60 милиони евра. Во таа насока, оставрена е средба помеѓу Министерството за рударство и енергетика нa Србија и германскатa развојна банка KfW. Притоа е анализирана соработката на тековните проекти, како и плановите за идни вложувања во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Истакната е досегашната успешна соработка со KfW во изградбата на нови топлани на биомаса и воведувањето на обновливи извори на енергија во системите за далечинско греење. Веќе се изградени четири нови топлани на биомаса, во Прибој, Мали Зворник, Нови Пазар и Мајданпек. Во втората фаза, нови котли ќе бидат изградени и во Пријепоље, Нови Пазар, Ниш, Рача, Врање и Мaјданпек.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија