Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе добие луксузен авион Боинг 747-8 како подарок од кралското семејство на Катар, кој ќе стане претседателски авион, пишува „ABC“, повикувајќи се на извори, истакнувајќи дека ова би можел да биде највредниот подарок што САД некогаш го добиле од една влада.

Цената на авионот е околу 400 милиони долари, стар e тринаесет години, а адвокатите на американската администрација и службениците од Министерството за правда на САД заклучија дека овој подарок не е поткуп.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија