Големиот розев дијамант од 170 карати е откриен во Ангола и е најголемиот дијамант ископан во последните триста години. Наречен е „Луло роуз” и откриен е во рудникот Луло, во кој претходно се пронајдени двата најголеми дијаманти во историјата на Ангола, вклучувајќи и еден чист од 404 карати.

Дијамантот ќе биде приодаден на меѓународен тендер преку анголската државна компанија за трговија со дијаманти. И покрај тоа што овој розев дијамант има импресивна големина, рекордер е дијамантот „Кулинан”, откриен во Јужна Африка во 1905 година, од 3.106 карати, кој е вграден во британскиот кралски жезол.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија