Насловна / Вести / Реакцијата на роботот ги запрепасти неговите креатори (ВИДЕО)

Реакцијата на роботот ги запрепасти неговите креатори (ВИДЕО)

На неодамна објавеното видео од интеракцијата помеѓу робот наречен „Амека“ и истражувач кој држи прст пред неговото лице се демонстрира како робот ги следи движењата и реагира на приближувањето и движењето на прстот. Истражувачот тргнува со прст да му го допира носот, роботот налутено го фаќа за рака и ја трга.

Роботот, кој неверојатно потсетува на живо суштество, а го развива британската компанија „Engineered Arts“, најавен е како „идното лице на роботиката“ и „совршена роботска платформа слична на човекот за интеракција човек-робот“.

Наводно, Амека веќе знае да изрази цел низ на човечки емоции, кои се следени со реални движења на очите и лицето.

На видео кое компанијата со седиште во Корнвол го споделила на YouTube, се вели дека „Амека реагира кога нешто ќе го повреди нејзиниот „личен простор“. Програмерите забележуваат дека ова однесување почнало да ги плаши, иако се навикнуваат на тоа.

Додека повеќето од оние што го виделе видеото во коментарите изразиле воодушевување за однесувањето на машината, некои сепак имаа измешани чувства на „возбуда и страв“, а имаше објави на Твитер во кои се тврдеше дека ова е „првото предупредување“ за опасностите до кои може да доведе употреба на вакви технологии.

Меѓутоа, како и многу претходни демонстрации објавени од Engineered Arts, оваа реакција на роботот се чини дека е однапред програмирана. На претходното видео, Амека беше видена како се „буди“, ги поместува рамениците и љубопитно ги гледа рацете пред да се „изненади“, „налути“ и „насмее“ кога „забележа“ дека ја снима камера.

Овој тип на робот е достапен за купување или изнајмување, но во моментов постои само стационарен модел. Програмерите работат на надградба на машина која умее да имитира човечки емоции и гримаси, структурата на коските и текстурата на кожата.

Испрати коментар

Scroll To Top