Сликата на Винсент Ван Гог „Пролетна градина“ е украдена од музејот Сингер Ларен во Холандија, соопштуваат од Музејот кој е затворен поради коронавирусот.

Сликата, настаната во 1884 година, која ја прикажува пролетната градина на црквата во холандскиот град Нуенен, била позајмена од музејот Гронингер, пренесува Ројтерс.

“Лути сме, шокирани и тажни“, рече Еверт ван Ос, директор на музејот Сингер од холандскиот град Ларен.
Вредноста на украденото дело се уште не е позната.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија