Насловна / Архитектура / Даница Павловска – Циги добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје

Даница Павловска – Циги добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје

Помеѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година е и архитект и планер Даница Павловска – Циги. Таа е доботник на наградата од областа на архитектурата за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.

cigi2
Даница Павловска – Циги беше и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ и за време на нејзиниот мандат беше организирано првото гушкање на ГТЦ. По најавата дека Градскиот трговски центар ќе добие нов лик започна иницијатива „Го сакам ГТЦ“, која се бори за зачувување на духот и карактерот на трговскиот. „По предложената измена и трансформација на овој објект, сметавме дека толку важен објект за историјата и културата и функционирањето на еден град треба многу внимателно да се третира и заради тоа одлучивме да реагираме за да не се упропастат и уништат неговите суштински вредности“, велеше Павловска во 2013 година кога се под нејзино раководство се покрена иницијатива за спас на ГТЦ.

cigi3
Павловска продолжи и понатамо да се ангажира околу спасот на ГТЦ, активно се вклучи во референдумот за зачувување на објектот и е неуморна во континуираната борба за заштита на значајните објекти во Скопје и јавниот простор. Летото 2016 година беше една од иницијаторите да се обжали на Уставен суд членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање. Овој член овозможи на поранешната влада Градскиот трговски центар (ГТЦ), Македонската опера и балет (МОБ) и Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ) да ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја одземе ингеренцијата на општина Центар за нив. Уставниот суд одлучи да расправа за иницијативата за укинување на членот 50 од Законот и беше донесена и времена мерка за забрана на градежните активности на овие прогласени објекти.

да
Даница Павловска – Циги непрестано е активна во борбата за подобар град и зачувување на архитектонските вредности. Таа е и „главниот кривец“ за соработката со професорот Јан Гел и превод на неговата книга „Градови за луѓе“ и на македонски јазик. На неговото скорешно гостување во Скопје таа беше домаќин и модератор.
Редакцијата на Порта 3 од се срце и ја честита заслужената награда.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top