Насловна / Дневни Вести / Германија формира еколошки фонд вреден 500 милиони долари

Германија формира еколошки фонд вреден 500 милиони долари

germany.jpgБерлин – Владата на Германија денеска соопшти дека формирала 500 милиони долари вреден Фонд, од коj ќе се одобруваат кредити за земјите во развој наменети за микрофинансирање на еколошки проекти, како набавка на нови фрижидери за супермактетите и воведување греење на биогорива, со цел намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Германскиот министер за екологија Норберт Ретген изјави дека овој Фонд е резултат на конференцијата за клима, што се оддржа лани во декември во Копенхаген, каде Германија вети дека ќе ги спроведе конкретните еколошки проекти.

 

Со Фондот ќе управува германската банкарска групација КфВ, со поддршка од Владата во Берлин. Тој ќе стартува со 100 милиони долари, средства обезбедни од државниот буџет, а во наредниот период ќе се настојува да се приберат дополнителни суми, како од јавните институции, така и од приватни инвеститори.

 

Според Ретген, неопходната трансформација кон ефикасно користење на енергијата на глобално ниво, не ќе може да биде остварена без приватни финансии. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top