Насловна / Вести / 200 години Thonet – едноставноста на формата обединета со екстремна елеганција

200 години Thonet – едноставноста на формата обединета со екстремна елеганција

Оваа година, Thonet ја прославува својата 200-годишнина и ја претстави новата верзија на столицата 118 од германскиот дизајнер Sebastian Herkner со шест нијанси на сјаен лак.

03
Столицата 118 со префинет дизајн е совршена комбинација на традицијата Thonet и современите елементи кои се типични за Herkner. Тој вели дека да се работи за Thonet за него претставува голема одговорност. Кога почнал да работи прво ја проучил нивната историја и производните процеси за да може да идентификува и навистина да ја разбере нивната типична изработка.

08
Sebastian Herkner, роден 1981 година, како најважни аспекти на изработка на новата верзија 118 ги смета почитувањето на брендот и луѓето кои работа за него. Тој на прашањето на Domus, кој е најважниот аспект за изработка на оваа столица вели: „Најтешко беше да се создаде столица која ќе успее да ја почитува историјата на овој култен бренд, но исто така да биде поврзана со моја интерпретација. Балансирањето кое доведе до создавање на овој модел“.

02
Herkner вели дека столицата има рамка со еден закривен дел и континуитет со идејата уште од средината на 19 век. Новиот аспект лежи во шест бои со сјаен лак, кој кога е осветлен со природна светлина, произведуваат посебни рефлексии. Лакот дава длабочина на објектите. Исто така вели дека и бојата е многу важна, бидејќи дава посебност.

04
На прашањето на Domus што имаат заедничко сите негови производи ќе рече: „Мислам дека едноставноста на формата е обединета со екстремна елеганција, која е изразена во вниманието кон деталите. Не дизајнирам „модерни“ објекти, туку производи кои можат да траат со векови“.

06

07

05

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top