Насловна / Вести / Европските градоначалници сакаат декарбонизирани градови

Европските градоначалници сакаат декарбонизирани градови

Откако изборите за Европскиот парламент го поставија новиот однос на сили во оваa институција, се одржа состанок на Политичкиот одбор на големата европска иницијатива – Спогодба на градоначалниците. Спогодбата на градоначалници која тргнала како движење на градовите, денес обединува над 8,000 амбициозни градови и општини  кои сами спроведуваат значајни проекти, но бараат и поголема поддршка од Европската комисија и националните влади во борбата против климатските промени. „Прашањето на климатските промени веќе никогаш нема да изостане од политичките кампањи, без оглед дали се работи за европски, национални или локални избори“ истакнал во својот воведен говор ЕУ комесарот за клима и енергија Miguel Arias Cañete. Тоа го покажува и новиот состав на Европскиот парламент, во кој групацијата на „зелените“ ќе игра значајна улога, но сепак темите од областа на климата и енергијата се високо на агендата на сите политички групации.

mayors1

Европските градови повикуваат и на целосна промена на парадигмата – наместо поттикнување на електричната мобилност во индивидуалниот сообраќај, се заговара значителна редукција во овој сегмент и транзиција кон масовен јавен превоз  базиран на електрична енергија и водородни горивни ќелии. Градовите предлагаат и целосно укинување на субвенциите за фосилни горива и нуклеарна енергија, а поттикнувањето на обновливите извори на енергија би требало да се развие и низ оданочување на емисиите на јаглерод диоксид. Така собраните средства би можеле да се насочат во т.н. „Фонд за планетата“ од кој би се финансирале амбициозни проекти со значително влијание врз ублажувањето на климатските промени.

mayors2

mayors3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top