Насловна / Вести / 150 години од пуштањето во сообраќај на Суецкиот канал

150 години од пуштањето во сообраќај на Суецкиот канал

Откако пред 150 години бил отворен со раскошна церемонија, Суецкиот канал станал еден од најважните поморски рути на светот. Изградбата траела од 1859 до 1869 година, како амбициозен проект за спојување на Средоземјето со Црвеното море, кој драстично ќе го скрати патот на трговските флоти од Европа до Азија. „Суецкиот канал не е право на една нација“, рекол де Лесепс, францускиот дипломат кому му се припишуваат заслугите за осмислувањето на проектот. „Своето настанување, каналот го должи на амбициите на целото човештво“, додал тој во својот говор во 1864 година. На изградбата на каналот работеле милион луѓе, а првиот брод минал на 17-ти ноември 1869 година, низ овој 164 километри долг канал. Така се избегнал долгиот и опасен пат меѓу Европа и Азија со заобиколување на Африка. Подоцна, и Суецкиот канал ќе ги почувствува последиците од турбулентните настани на Блискиот исток. Египетскиот претседател Насер, голем заговорник на арапското единство, во јули 1956 година ќе се спротистави на британските и француските интереси и ја национализира компанијата која управува со каналот. Со оваа одлука тој стекнува огромна популарност во својата земја, но предизвикува меѓународна криза. Само три месеци подоцна, Франција и Велика Британија со помош на Изреал, го напаѓаат Египет. Денес со Суецкиот канал раководи Управата на Суецкиот канал (SCA). Пред четири години тој е проширен, и претставува исклучително важен инфрастрктурен проект за египетската економија. Низ него минува 10% од светската поморска трговија. Сепак, регионот и натаму е нестабилен. Каналот денес го штити египетската војска.

Suez1

Suez canal1

Suez Canal

Suez canal3

Suez canal6

Suez canal7

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top