Насловна / Вести / И Калифорнија набавува возови на водород

И Калифорнија набавува возови на водород

Познатиот швајцарски производител на шински возила  Stadler  победи на конкурсот за испорака на возови на водород за американската сојузна држава Калифорнија.  За потребите на округот Сан Бернардино, компанијата ќе испорача нов тип на воз под името ZEMU (Zero Emission Multiple), а всушност се работи за моделот  FLIRT H2 кој во својот состав има и вагон каде се сместени горивните ќелии. Воедно, станува збор за прв проект за воз за потребите ан американската железница. Првата гарнитура ќе биде испорачана и ќе започне да сообраќа во 2024 година, но за во иднина се планира испорака уште на четири гарнитури. Проектот е еден од т.н трансформативни проекти во калфорнискиот јавен превоз кои се финансираат од Капиталната програма на градската и меѓуградската железница на калифорниското Министерство за сообраќај (Caltrans) и калифорниската државна агенција за сообраќај (CalSTA). Во рамките на таа програма, за проектот се издвоени 30 милиони УСД. Како што се најавува, првиот таков воз во САД, ќе се вози на пругата со должина од околу 15 km помеѓу Редландс и Сан Бернардино, во поширокото метрополитенско подрачје на Лос Анџелес.

ZEMU1

ZEMU2

Испрати коментар

Scroll To Top