Насловна / Вести / Започна изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Започна изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Започна изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш. Првата фаза предвидува изградба на делница во должина од 23 километри, а втората, останатите 17 километри. Ова е само дел од главната сообраќајна артерија на истокот и југоистокот на земјата за побрз проток на услуги и стоки од Струмица, Радовиш и Штип во вредност од над 260 милиони евра годишно. Според техничките спецификации, патот Штип – Радовиш, ќе биде со две коловозни ленти со ширина од 16 метри и две проширувања по метар и половина. Ќе има 11 мостови и ќе се вози по пропишана брзина од 110 км/ч.Целиот инфраструктурен зафат треба да финишира за 3 години, а првата делница ќе чини 27 милиони евра. Изведувач е компанијата STRABAG.

shtip-radovish1

shtip-radovish2

 

Испрати коментар

Scroll To Top