Насловна / Архитектура / Футуристичка зграда со неправилно поставени бетонски елементи

Футуристичка зграда со неправилно поставени бетонски елементи

Јапонското студио  Akihisa Hirata Architecture Office ја заврши зградата за мешовите намена во Токио, која ја карактеризираат неправилно распоредени бетонски соби што формираат простори погодни за мали тераси и градини. Компанијата на чело со Hirata, ја проектирала оваа зграда во токискиот округ Toshima  со цел да обезбеди станбен простор за повеќегенерациско семејство заедно со галериски и канцелариски простор. Проектот е инспириран од формата на дрворо, каде што централниот дел (стеблото) ги поддржува другите делови (гранки). Ова е причината заради која проектот е насловен Tree-Ness House.

Бетонските волумени се наредени така што формираат конструкција со неколку отвори (тераси). Отворите се обрабени со бели рамки. Овие преклопени облици служат за сместување на клупи, столови, скали или врата, со што се поврзува внатрешноста и надворешноста на објектот.

TNH3

TNH4

Испрати коментар

Scroll To Top