Насловна / Вести / Зошто сме 100% сигурни во Тондах?

Зошто сме 100% сигурни во Тондах?

Нашите соработници често ни го поставуваат ова прашање. Затоа, сакаме на едно место да ги обединиме сите одговори. Со тоа се надеваме дека ќе ви помогнеме при изборот на материјали за покривитешто ги проектирате. Бидејќи има долга низа причини зошто Тондах со години е еден од најчестите избори на ќерамиди во Европа.

природно

Пред сè, мораме да напоменеме дека глинените ќерамиди Тондах се 100% природни. Тие се произведуваат исклучиво од природни материјали во природен процес на производство. Без додавање адитиви, хемикалии и слични вештачки материјали. Дури и бојата (енгобата) се создава такашто на сува ќерамида ќе се нанесе мешавина од глина и соодветни оксиди, кои подоцна при печењето на над 1.000°C совршено се врзуваат за ќерамидата и ѝ даваат преубава боја.

RS_Porodicna_kuca_Twist_2020

За трајноста на ќерамидата не мораме да кажуваме многу. Се проценува дека глинената ќерамида може да го чува домот сигурен и повеќе од 100 години! Доказ за тоа се многу стари куќи во нашата земја кои имаат толку стари покриви. Кога веќе ја споменуваме трајноста, морате да знаете дека и бојата на Тондах е трајна колку и самата ќерамида – не избледува под влијание на УВ-зраците и не се измива при силни дождови.

w2

Онашто е особено важно е дека визуелниот идентитет на покривот ќе биде токму онаков каковшто сте го замислиле, затоашто системските решенија на Тондах, поради сите придружни елементи сочинуваат една преубава целина. Капаците, снегобраните, разделниците на било со иста боја со ќерамидите, прават покривот да биде една совршена визуелна целина. А широката палета на модерни нијанси е создадена за покривот Тондах да се вклопи во која било замисла на архитектите или инвеститорите.

w1

При подготовката на вашиот проект, на располагање ви е техничка поддршка од компанијата „Винербергер“, која е подготвена да направи бесплатна спецификација на материјалите и да ви помогне со совети при проектирањето. Сè со цел заеднички да дојдеме до соодветно решение и сигурен покрив за вашите клиенти.

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top