Насловна / Вести / ЗНМ додели награди за најдобри фотографии: Првата награда за фотографијата „Татко – Кочани“

ЗНМ додели награди за најдобри фотографии: Првата награда за фотографијата „Татко – Кочани“

Во Музеј на град Скопје вчера се отвори изложбата „Слободата на медиумите низ фотографски објектив: моменти што зборуваат“.

По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, ја организираше оваа изложба на новинарска фотографија, чија цел е да се истакне моќта на фотографијата како сведоштво за влијателни моменти и објективно известување.

На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнале вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во доловувањето на значајни општествени моменти. На отворањето беа доделени три награди за најдобра фотографија.

Првата награда беше доделена на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко – Кочани“.

Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро” од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски за фотографијата „Ловец на Персиди“ и Роберт Атанасовски за фотографијата „Женски водици“.

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top