Шведско кинескиот бренд, започна со производство на моделот EX30, во својата фабрика во Белгија. Овој модел првично се произведуваше во Кина, но сега производството е преместено со цел да се избегнат новите царини.
Volvo, како дел од Geely групацијата, покрај стандардните 10%, беше оптоварен и со дoполнителни 18,8% царина. Сега тоа е надминато. Моделите произведени во Белгија ќе се продаваат исклучиво во ЕУ. Со цел да овозможи производство на EX30 во Белгија, Volvo инвестирал 200 милиони евра во фабриката во Гент. Оваа инвестиција била неопходна за создавање на нова монтажна линија и 6 нови производни роботи. Фабриката во Белгија ги произведува и моделите XC40, V60, EC40 и EX40.
Минатата година, Volvo EX30 во Европа бил продаден во 78.000 примероци. Оваа година, продажбата оди со забавено темпо, односно со пад од 14% во првиот квартал. Со производството во Европа, и пониските цени на EX30, се очекува и подобра продажба.