Насловна / Архитектура / Знае ли Владата колку чини уривањето на споменикот на Мајка Тереза?

Знае ли Владата колку чини уривањето на споменикот на Мајка Тереза?

Како резултат на одлуката на Владата, споменикот на Мајка Тереза да не се урива, затоа што тоа ќе било поскапо од пренамена, овој месец ќе се распише конкурс за идејно решение во што да биде споменикот пренаменет и што да има на просторот.

Владата донесе ваква одлука и покрај елаборатите на работната група за „Скопје 2014“ при Министерството за култура, раководена од професорот Мирослав Грчев. Групата препорача отстранување на три споменици: Мајка Тереза, Андон Јанев Ќосето и Воинот на коњ (Александар Македонски). Елаборатите кој досега никој не ги видел, прпорачуваат отстранување поради, бројни законски прекршоци. Прекршени се Законот за градба, Закон за Буџет, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Закон за меморијалните споменици и спомен обележјата. Поставувањето на спомениците спротивно на законите ги прави дивоградби, но нејасно е што значи тоа доколку некој се повика на повторно продолжениот Закон за постапување со бесправно изградени објекти и побара нивна легализација.

На Владата изговорот е дека уривањето чини скапо, но по којзнае кој пат повторуваме дека најголема загуба за градот е – узурпиран јавен протор. Цената на уривање несмее да биде алиби за задржување на споменикот.

мт_resize

Во врска со трошоците за евентуално рушење или дислокација, пред две години професорот Грчев рече дека би биле минимални и дека за возврат општеството би добило многу повеќе со тоа што ќе си го врати назад јавниот простор. Цената на уривањето не смее да биде алиби.

Тој во февруари 2018 година изјави:„Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“.

Колку чини уривањето на овие споменици, особено кога јавниот простор во Скопје скоро и да го нема, јавноста сеуште не е во можност да види дека некој направил анализа за начинот и чинењето на нивното уривање или дислокација.

Градоначалникот Шилегов кој не ја заврши изградбата на панорамското тркало, но и не го урна мостот, за што велеше дека е скапо, ќе чинело три милиони евра (повторно никој не виде врз основа на што е дојдено до таа сума), ја завршува изградбата за исто толку пари (колку што чини уривањто). Тој сега вели: „Ако ме прашате мене, лично јас би бил сериозно порадикален во односот кон проектот „Скопје 2014“. За жал, дали во недостаток на време, дали во недостаток на фокус на интерес на централната власт, не наидовме на целосна соработка. Да беше до Град Скопје, досега улицата „Орце Николов“ ќе беше проодна“.

4 Коментари

  1. Драгослав Милоески

    Само една стаклена или огледална обвивка околу предвидениот споменик и решен проблем.
    А глупостите на Грчев во Дебар маало кој да ги санира?

    • Анонимен

      Господине Милоески. Вие очигледно не сте го разбрале значењето на иаразот – УЗУРПАЦИЈА НА ЈАВЕН ПРОСТОР -/ и тоа во најцентарот на Скопје/. Тука се работи за конкретен објект и ужасно голем проблем за тој простор. А за Дебар маало / како Вие викате кривец Грчев /, па најновата населба – ” касарна” Стар аеродром – кривец Ивица Коневски…/ па Кисела вода , па цело Скопје. Крај нема…. Или можеби ќе треба да направиме стаклен саркофаг околу целиот Проект Скопје 2014 и готово. Го решивме проблемот нели .

    • Staklena ili ogledalna obvivka ni vo koj sluchaj ne go resava problemot. Toa e ushte pogolema glupost od vekje izgradenoto brdo beton. Centarot na skopje stana klaustrofobicen. Ugushen e so nebulozni glomazni neartikulirani kvazi “objekti”, so diletantski falsifikat na konglomerat od izminati “arhitektonski stilovi”, totalen haos i nevkus. Takov e i “spomenikot” na Majka Tereza, nesmasen, na pogreshna lokacija, na uzurpiran/siluvan prostor vo centarot na Skopje. Zatoa e potrebno da se srushi i oslobodi lokacijata. Sekoe drugo reshenie e stupidno i van zdrav razum

  2. Да се потсетиме

    Девастирањето на Дебар Маало започна во мандатот на госпоѓата градоначалничка на Општина Центар /и го заборавив името/, но некои ќе се сетат. Таа и нејзиниот наследник направија ршум, го нагрдија животот на жителите на овој простор и тоа не само во естетска смисла. Веројатно се „горди„ на својот проект.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top