Насловна / Архитектура / Социјални и економски бенефити од објекти изградени од дрво

Социјални и економски бенефити од објекти изградени од дрво

Објекти коишто се проектирани со употреба на материјали кои се сметаат за добар избор за животната средина честопати се перципираат како објекти кои создаваат повисоки социјални и економски вредности. Луѓето претпочитаат да живеат, работат, учат и играат во добро проектиран и визуелно привлечен објект. Исто така, испраќа порака дека инвеститорот е одговорен за животната средина и се грижи за благосостојбата на корисниците на објектот.

2 (4)

ПРИДОБИВКИ ОД ПРИРОДНИ ЕЛЕМЕНТИ

Студија изработена од канадската истражувачка куќа FPInovations откри дека луѓето се посреќни, поздрави и попродуктивни кога се поврзани со природата. Употребата на природни елементи во проектирањето како дневна светлина, растенија и природни материјали – создава попозитивен простор за секаква работна активност. Се намалува стресот на работното место и ја подобрува продуктивноста и концентрацијата.

8

Во здравствените установи, присуството на природни материјали е поврзано со побрзо закрепнување на пациентите. Придобивките од користење на природни материјали не ги чувствуваат само пациентите, туку и посетителите и здравствените работници.

Time Winery

Пријатната внатрешна околина влијае на здравјето и благосостојбата на луѓето. Дрвото е хипоалергично и нетоксично, а мазните површини не дозволуваат таложење на честички и нечистотија што можат да се појават на други ѕидни површини. Покрај визуелните карактеристики дрвото има способност да апсорбира и ослободува влага за одржување рамнотежа во затворено опкружување. Оваа карактеристика кај дрвото овозможува зголемување на влажноста кога воздухот е сув и намалување кога воздухот во затворен простор содржи влага. Дрвото е, исто така, одличен избор кога акустиката е предмет на разгледување. Неговата уникатна клеточна структура може природно да ги пренесува звучните вибрации. Ова е особено важно во домашни и канцелариски средини каде што може несаканата бучава да предизвика деконцентрација или нарушување на активностите. Заради овие квалитети на дрвото, често е прв избор при изградба на концертни сали или аудиториуми.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

МИНИМИЗИРАЈТЕ ГИ ПОТРЕБИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ

Eнергетски ефикасни згради се направени со материјали кои се спротивставуваат на протокот на топлина односно изолатори. Дрвото има милиони ситни клетки со воздухот, што го прават природен термички изолатор и губи помалку топлина од другите градежни материјали. Со користење на вакви материјали може да се достигне и стандардот за пасивна куќа каде се бара 90 отсто помалку енергија за греење и ладење во споредба со конвенционални објекти.

3 (3)

ПОДОБРЕТЕ ЈА ЕФИКАСНОСТА И НАМАЛЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ

Објектите изградени со дрвни конструкции создаваат поголеми економски придобивки затоа што тие можат да бидат проектирани како флексибилни и прилагодливи. Производите од дрво имаат помала тежина и полесни се за работа во споредба со другите градежни материјали. Ова придонесува за намалени трошоци за градење бидејќи се скратува времето за изградба, објектот може да се подигне со помалку работници, и се намалуваат димензиите на темелите. Brock Commons Tallwood House е 18-катна хибридна конструкција (дрво и бетон) на Универзитетот во Британска Колумбија. Подигнувањето на конструкцијата е завршено за помалку од 70 дена со префабрикувани дрвени компоненти.

4 (3)

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КРАЈОТ НА КРАЈОТ НА ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ОБЈЕКТОТ

Откако еден објект ќе го достигне крајот на својот планиран животен век, потенцијално ќе има влијание врз животната средина и мора да се предвиди решение за негово отстранување. Проектирања за расклопување и прилагодливост можат да бидат клучни во овие случаи. Трошоците за отстранување на еден ваков објект се неспоредливо помали отколку отстранување на објект изграден од армиранобетонска конструкција. Алтернативи на крајот на животниот век, како што се повторна употреба или рециклирање често доведува до пониски емисии на стакленички гасови. Многу производи од дрво честопати повторно се користат, рециклираат или се користат за енергија.

5 (2)

9 (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top