Хотелот Radison Blu Old Mill во Белград е добитник на награди во две категории како архитектонско ремек–дело на 8. Меѓународно доделување на награди за дизајн (IDA-International Design Awards).
Студиото што го проектираше ентериерот на хотелот во Белград, освои прва награда во категоријата „Renovation“ и втора награда во категоријата „Commercial“, меѓу илјада проекти од 52 земји во светот. Меѓународната награда за дизајн е врачена на 5 мај во Лос Анџелес.
Покрај овој голем успех, проектот на хотелот Radisson Blu Old Mill влезе во финалето на 11. доделување на награди за хотелски дизајн (11th Hospitality Design Awards) во категоријата „Hotel Midscale“ во конкуренција на 560 проекти од светот.
Хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград располага со 236 хотелски соби, вклучувајќи и 14 апартмани, 500 метри квадратни модерен конференциски простор кој се состои од шест конференциски сали со најсовремена аудио-видео техника, ресторан со модерна српска кујна, фитнес и велнес центар. Тоа е т.н. фокус хотел во рамките на Carlson Rezidor Hotel Group, една од најголемите хотелски компании во светот. Белградскиот Radisson ги прими своите први гости во март оваа година.
Групацијата Carlson Rezidor има 1.352 хотели во 108 држави, со над 88.000 вработени.