Катар ќе изгради седум градови кои ќе бидат дом на 258.000 мигранти-работници, а тие ќе ја градат потребната инфраструктура за организирање на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во 2022 година.
Најголемиот од седумте градови ќе има околу 70.000 жители, а потребата се појавила откако Катар добил голем број тужби, најмногу градот Доха, дека не се грижи за животот на работниците што живеат на работ на егзистенција.
Доктор Абдула бин Салех ал-Кулафи, министер за труд и социјална политика рече: „Нацрт постои. Направивме потребна врска помеѓу седум градови, така што нашите работници ќе ги имаат сите услови за живот“.