Насловна / Вести / Земјите од Западен Балкан наскоро ќе започнат да издаваат гаранции за потеклото на електричната енергија

Земјите од Западен Балкан наскоро ќе започнат да издаваат гаранции за потеклото на електричната енергија

Секретаријатот на Европската заедница објави дека се е подготвено земјите од Западен Балкан да започнат со издавање на зелени сертификати за потеклото на електричната енергија, кои гарантираат дека произведената енергија е од обновливи извори. Во моментот вакви сертификати издава само Србија. Во процесот на подготовка, за земјите од регионов е важно соодветните национални акредатициони тела да потпишат договори за користење на националните регистри со специјализираната компанија Grexel, која е избрана во соодветна постапка.

grexel1

grexel2

 

Оваа компанија направила регистри на зелени сертификати за земјите од Западен Балкан, но и за Грузија, Молдавија и Украина, кои исто така се договорни страни на Енергетската заедница. Земјите имаат рок до крајот на јуни 2023 година да потпишат договор со Grexel, и националните регистри ќе започнат со работа, но се верува дека тоа ќе се случи пред рокот. Од Енергетската заедница појаснуваат дека е добро за земјите да имаат регистри и уредена трговија со гаранции за потеклото ан електричната енергија, бидејќи с епоголем е бројот на компании кои сакаат исклучиво сертифицирана енергија од обновливи извори.

grexel3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top