Насловна / Архитектура / Зелено светло за контроверзниот внатрешен редизајн на Нотр Дам

Зелено светло за контроверзниот внатрешен редизајн на Нотр Дам

Планираното реновирање на внатрешноста на катедралата Нотр Дам во Париз кон крајот на минатата недела доби формално зелено светло од Француската комисија за национално наследство и архитектура (CNPA).

Notr Dam

Според агенцијата Франс прес, членовите на комисијата биле загрижени или целосно отфрлиле неколку планирани измени на познатата готска катедрала, но инаку се согласиле со различни аспекти на претставениот редизајн што го презентирал свештеникот Жил Друин.

Еден од планираните елементи на реновирањето, кој комисијата не го одобри веднаш, а побара дополнителни прототипови, се новите клупи со интегрирани светилки, кои треба да ги заменат традиционалните седишта во катедралата, пишува Archpaper.

Имено, предложеното решение со драстични промени предизвика значителен гнев кај јавноста, кога за него протече вест во пресрет на минатонеделното гласање на CNPA.

Notr Dam1

Пошироката јавност, како и бројните десничарски медиуми од двете страни на Атлантикот, брзо рашири гнев поради плановите да се трансформира светски познатата средновековна катедрала во нешто што многумина го споредуваат со Дизниленд.

Весникот Le Figaro објави отворено писмо со наслов: „Она што огнот го поштеди, бискупијата сака да го уништи“. Ова писмо го потпишаа 100 јавни личности од различни сфери, кои се обединија против предложените измени.

Notr Dam2

Отец Друин, од друга страна, ја бранеше модернизацијата и рече дека тоа нема да донесе „радикална трансформација“, туку едноставно ќе ја направи Нотр Дам уште погостопримливо место за безброј меѓународни посетители кои секоја година го посетуваат ова свето парче во Париз.

Тој додаде дека реконструкцијата има за цел да ја направи катедралата, која е променета безброј пати за време на реновирањето во нејзината 850-годишна историја, поудобна за современите верници и за оние кои присуствуваат на церемониите во катедралата.

Планирано е и осветлувањето да биде различно организирано, така што ќе биде помеко и ќе создаде поинтимна атмосфера, а на ѕидовите на катедралата ќе бидат проектирани библиски текстови на различни јазици.

Исто така, циркулацијата на посетителите би била реконфигурирана, така што примерно ќе се користи предниот влез наместо страничните, а јавните уметнички инсталации би биле изложени во ретко користените исповедници на Нотр Дам од 19 век.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Патрик Шо, кој служи како ректор на Нотр Дам, исто така ги бранеше плановите за модернизација на внатрешноста на катедралата.

Notr Dam3

“Идејата е верниците или посетителите прво да бидат воодушевени од големината и убавината на Нотр Дам“, рече тој, додавајќи дека предложените измени имаат за цел „да им донесат малку повеќе значење на посетителите“. Немојте да мислите дека ќе го направиме Дизниленд“, изјави Шо за американскиот весник.

За разлика од внатрешноста, која се редизајнира или модернизира под раководство на црковните службеници, надворешната архитектура на Нотр Дам се реновира под покровителство на француската влада и „нема да се пофали со модерно реновирање“, туку ќе се обиде да ја обнови структурата како што беше пред пожарот.

Испрати коментар

Scroll To Top