Насловна / Архитектура / La Cattedrale – екстравагантен стадион со стаклена фасада

La Cattedrale – екстравагантен стадион со стаклена фасада

Милано добива прекрасен нов стадион наречен La Cattedrale. После повеќегодишните преговори, италијанските фудбалски клубови Милан и Интер се одлучиле за нов „дом“. Архитектонскиот проект за стадионот е дело на студиото Populous, а кога ќе биде изграден тој ќе го замени култниот грасдки стадион San Siro. Проектот опфаќа еден цел нов кварт за спорт и рекреација од над 110.000m2 зелени површини, реконструирајжи го целото опкружување.

lacatt3

'SAN SIRO NON VA PIŸ BENE', ECCO LO STADIO-SVOLTA PER MILANO

lacatt1

Студиото Populous е одговорно за некои од најновите и најпознатите спортски арени во светот.  La Cattedrale ќе може да прими 65.000 гледачи, што е за 15.00 помалку од капацитетот на San Sirо. Овој храм на фудбалот е инспириран од катедралата Duomo di Milano и галеријата Vittorio Emanuele II, a претставува славење на уметничкото и културното наследство на градот. Јаглеродната неутралност и LEED сертификацијата ќе бидат постигнати со примена на најиновативни материјали и најсовремени ресурсно ефикасни технологии во користењето на водата и електричната енергија.

lacatt2

lacatt5

 

Стадионот ќе има стаклена фасада, која ќе ги менува боите во зависност од тоа кој тим настапува. Големо внимание е посветено на безбедноста и удобноста на гледачите, во намера да се обезбеди целосно уживање. Освен стадионот, ќе биде изградена и цела нова резиденцијална зона. Проектот е осмислен со мксимално користење на обновливи извори на енергија, но и во духот на архитектурата која преовладува во Милано во последните години. Изградбата на стадионот и пратечките содржини ќе чини 1,2 милијарди евра. Ќе бидат поставени фотоволтаици, како и систем за собирање и реупотреба на дождовницата. Изградбата ќе започне по завршувањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, а новиот стадион ќе биде на располагање за фудбалската сезона 2027/2028.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top