Насловна / Вести / „Зелените“ во Хрватска против Законот за изградба на терминалот за ТПГ

„Зелените“ во Хрватска против Законот за изградба на терминалот за ТПГ

Граѓанската организација Zelena akcija  проетестира против намерите на хрватската влада на направи посебен закон за терминалот за течен природен гас (ТПГ) кој треба да се гради на Крк, и таа идеја ја нарекуваат „скандалозна“. Опишувајќи ја состојбата, тие  повлекуваат паралела со Законот за голф кој доколку останел на сила, според активистите за животна средина, ќе овозможел апартманизација и девастација на земјоделското и шумското земјиште. „ Со Законот за ТПГ терминалот, исто како и со Законот за голф, би се преферирал еден енергетски проект, кој во овој случај ќе се темели на фосилно гориво. Несфатливо е, Хрватска и натаму да ги прогласува штетните проекти за стратешки, да го игорира мислењето на граѓанскиот сектор, и да донесува посебни закони со цел забрзување на изградбата. Од друга страна пак, државата прави многу малку по прашањето на развојот и инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, за што има огромен потенцијал“ вели во име на „зелените“ Марија Милета. Тие истакнуваат дека се противат на изградбата на терминалот за ТПГ на островот Крк, како и на новата пратечка гасна инфраструктура во Хрватска, бидејќи не се согласуваат со констатацијата дека гасот е транзициско гориво кон одржлива енергетска иднина. Тие сметаат дека на тој начин ќе се продлабочи зависноста од фосилни горива, ќе се успори преминот кон нискојаглеродно општество и ќе се влошат уште повеќе горливите проблеми со климатските промени.

zelena akcija 3 zelena akcija 2

Испрати коментар

Scroll To Top