Насловна / Вести / „Зелен Нобел“ за заштита на Амазонија

„Зелен Нобел“ за заштита на Амазонија

Еден од подалечните потомци на Алфред Нобел, доделува награда „Зелен Нобел“ за борците за заштита на Амазонската прашума. Наградата нема врска со Нобеловата фондација. Имено, Маркус Нобел, шведско – американски деловен човек кој живее во Портланд, САД, вовел годишна награда за проекти за заштита на Амазонската прашума и нејзината биразновидност.

амазониа1

 

Наградата United Earth Amazonia ќе биде доделена во јуни следната година за шестмина добитници на свеченост во Манаус. Сеуште не е одлучено колкави ќе бидат паричните средства кои исто така ќе бидат дел од наградата. За прв пат оваа награда е доделена минатата година, но без финансиски дел. Следната година освен паричен дел, наградата ќе биде проширена и на земјите во сосседството на Бразил кои ја делат прашумата.

амазонија2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top