Насловна / Арт и дизајн / Затворање на изложбата „Петар Мазев 90 години од раѓање“

Затворање на изложбата „Петар Мазев 90 години од раѓање“

По повод затворањето на изложбата „Петар Мазев 90 години од раѓање“ која привлече огромно внимание, постигна несекојдневен публицитет и постави рекорд на посетеност, Националната галерија на Македонија организира стручно водење низ изложбата.

mazev4

Еден од нашите најеминентни филозофи и естетичари Проф. Др. Иван Џепаровски ќе одржи предавање во амбиентално опкружување од сликите на Петар Мазев, ќе зборува за специфичните аспекти на ова сликарство кое го одбележа крајот на XX век на нашите простори, за вулканската енергија, жестокиот колорит и нескротливиот дух на овој великан на македонската модерна. Ќе бидеме во прилика да слушнеме едно ново исчитување кое тргнува од лични импресии, за потоа да не запознае со новите теории и гледања на овие слики низ различни призми и пристапи.

Водењето ќе се одржи на 25.01.2018 година (четврток), во 12 часот, во просториите на објектот Даут пашин амам.

mazev1

Испрати коментар

Scroll To Top