Насловна / Архитектура / Архитектурата на Југославија во МоМА во Њујорк

Архитектурата на Југославија во МоМА во Њујорк

Највлијателниот музеј на модерна уметноост MoMA во Њујорк за втората половина на 2018 година најави репрезентативна изложба „Кон утопијата во бетонот : Архитектурата во Југославија, 1948-1980“. Изложбата опфаќа повеќе од 400 цртежи, фотографии, видео записи од градски архиви, приватни и музејски колекции од целиот регион. Изложбата го претставува творештвото на најзначајните југословенски архитекти, меѓу кои се Богдан Богдановиќ (1922-2010), Светлана Кана Радевиќ (1937–2000), Едвард Равникар (1907-1993), Вјенцеслав Рихтер (1917-2002), Јурај Неидхард (1901-1979) и Милица Штериќ (1914-1998). Ова ќе биде прво претставување на исклучителните дела на архитектите на Југославија на американската и меѓународната јавност. Изложбата ќе го истакне значајниот, но сеуште недоволно истражениот опус на модерната архитектура и е напредно размислување и денес има големо влијание.ravnikar_ljubljana

Плоштад на револуцијата (денес Плоштад на Републиката) во Љубљана, Словенија, 1960-74, дело на архитектот Едвард Равникар

„Позиционирана помеѓу капитализтичкиот Запад и социјалистичкиот Исток, Југославија ја избегнала поделбата за време на ладната војна со избор на „трет пат“. Како една од водечките земји на Движењето на неврзаните, основано 1961 година и формално не припаѓаше на ниту еден блок. Истовремено југословенската влада отпочнала забрзана модернизација и изградба, со главна цел за стопански развиток, унапредување на животот на грѓаните и африрмација на различноста на културите во регионот. Државата ги проширила тие напори и надвор од границите на земјата, унапредувајќи го урбанизмот и изградбата во земјите во развиток, особено во земјите на неврзаните во Африка и на Блискиот исток“, се наведува во најавата за изожбата.
Исто така во најават се наведува и дека „Југословенската архитектура, која опфаќа и облакодери градени во стилот на меѓународната пракса и бруталистички „општествени кондензатори“, манифестирала радикална различност, хибридност и идеализам кои ја карактеризирале и самата југословенска држава“.

sutjeska2

Миодраг Живковиќ, Споменик – Битка на Сутјеска, 1965-71, Тјентише, БиХ

2

Богдан Богдановиќ, Партизанска некропола,1962. Прилеп

Од скулптуралниот ентериер на Белата џамија во рурална Босна, преку реконструкцијата на Скопје после земјотресот (1963), осмислена од јапонскиот архитект Кензо Танге, до Нов Белград со големи, експресивни станбени блокови и јавни објекти, изложбата го истражува единствениот распон на формите на продукцијата на југословенската архитектура.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Јанко Константинов, Телекомуникацискиот центар во Скопје, и1972-81

Изложбата во музејот МоМА ја организира главниот кустос за архитектура и дизајн Мартино Стилери, кустос гостин е Владимир Кулиќ, а соработник е Ана Катс исто така од оделот за архитектура и диазјн во МоМА. Изложбата ќе биде отворена од 15 јули до 13 јануари 2019 година.

novi_bg

Михајло Чанак, Леонид  Ленарчиќ, Милосав Митиќ и Иван Петровиќ, Зграда Б9, Блок 21,  1959-65. Нов Белград

sava_centar

Стојан Максимовиќ, Сава центар, 1979, Белград, Србија

podgorica_09

Светлана Кана Радевиќ, хотел „Подгорица“, Подгорица

6

Вјенцеслав Рихтер, југословенски павилјон на EXPO 1958 во Брисел

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top