Насловна / Архитектура / Запрено градењето на стадионот за Олимписките игри 2020 во Токио

Запрено градењето на стадионот за Олимписките игри 2020 во Токио

Архитектонското студио Zaha Hadid Architects и нивниот партер Nikken Sekkei се повлекле од конкурсот за стадионот кој што требал да се изгради по повод Олимписките игри 2020 во Токио. По нивната победа во 2012 година во однос на вкупно 45 други проекти, футуристичкиот дизајн на стадионот нема да се изгради поради зголемените трошоци за изведба на конструкцијата, дури двојно од претходно пресметаното.

слика-1

Инвеститорот на проектот иницирал конструктивните детали да бидат решение од страна на јапонска фирма за која што архитектонското студио смета дека само ги зголемило трошоците и го забавило целиот процес на градба. По две години работа на овој проект, Заха Хадид се решила да го прекине процесот што претставувало разочарувачко решение со оглед на самиот дизајн на објектот.

слика-2 слика-3 слика-4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top