Насловна / Градежништво / Започна третата фаза од реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Започна третата фаза од реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

bulevar gologanov_2_resize

Во наредниве шест месеци ќе се проширува булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од раскрсницата со булеварот „8 Септември“ до улицата „Московска“ во должина од 1.600 метри. Градот за оваа трета фаза од проширувањето и реконструкцијата на сообраќајницата ќе одвои 81 милион денари.
Со проширувањето, кое почна денеска, булеварот ќе добие четири коловозни летни, по две во секоја насока, а од двете страни на коловозот ќе бидат поставени тротоари со ширина од по 3,5 метри. Овој дел од булеварот ќе биде осветлен со 84 столба за улично остветлување на кои ќе бидат поставени 108 светилки со моќност од 250 вати. Осветлувањето ќе го чини Градот околу 11,6 милиони денари, а на терен ќе го изведува „Магнус инжинеринг“. За проширувањето на улицата е ангажирана фирмата „Трансмет“.

bulevar gologanov_1_resize
„Со овој проект сигурно чекориме кон остварување на сликата за Скопје со широки и проточни сообраќајници кои на граѓаните и посетителите ќе им овозможат безбедно да се движат и за пократко време да стигнат на посакуваното место“, рече вчера градоначалникот Коце Трајановски на почетокот на работите.
Инаку, првите две фази од проширувањето беа реализирани во 2011 и 2012 година. Притоа сообраќајницата беше проширена во вкупна должина од 2.700 метри.

Испрати коментар

Scroll To Top