Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Нова кредитна линија од ЕБОР за енергетска ефикасност

Нова кредитна линија од ЕБОР за енергетска ефикасност

девет милиони евра за енергетска ефикасност_1_resize
Македонските приватни субјекти, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.
Регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан се однесува на земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска и Македонија.
Промоцијата на новата кредитна линија и изработката на акциски план за поголема вклученост на македонските компании за аплицирање за достапните средства за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија беа тема на денешната средба на министерот за економија Ваљон Сарачини со директорката на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анка Јоана Јонеску.

девет милиони евра за енергетска ефикасност_2_resize
„Од следната недела Министерството за економија во соработка со ЕБОР почнува со директна комуникација и директни средби прво пред стопанските комори пред кои ќе се презентираат кредитните линии. Потоа ќе има презентации во повеќе градови во внатрешноста и средби со ЗЕЛС и градоначалниците каде ќе се презентираат проекти за кои може да аплицираат“, рече Сарачини по средбата.
Максималниот износ на кредит што можат да го добијат приватните компании е два милиона евра. Заедно со кредитот компаниите дополнително ќе добијат и грант во висина од 5 до 10 отсто од инвестицијата. За општините грантот изнесува од 10 до 15 отсто од инвестицијата.
„Така, на кредит од еден милион евра компаниите ќе добијат и грант во износ од 100.000 евра, додека пак општините на кредитот од еден милион евра ќе добијат од 100.000 до 150.000 евра “ појасни министерот за економија Ваљон Сарачини.
Реализацијата на овие проекти ќе придонесе за зголемување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови, како и зголемување на бројот на работни места.
Директорката Јонеску информира дека од претходната кредитна линија во Македонија се поддржани 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра. Од нив 18 проекти се во областа на енергетската ефикасност, 16 од обновливите извори на енергија и четири комбинирани проекти од областа на енергетиката.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top