Насловна / Вести / Поликлиниката „Букурешт“ ќе добие нов лик

Поликлиниката „Букурешт“ ќе добие нов лик

poliklinika bukurest_2_resize
Темелна реконструкција на поликлиниката „Букурешт“, инвестиција вредна 24 милиони денари, која почнува од утре, најави денеска премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека „Букурешт“ за прв пат по 50 години ќе биде комплетно реконструирана и потсети дека владата пред неколку години инвестираше само во промена на прозорците, санитарните јазли и тоалетите.
„Има високо ниво на образован стручен кадар, голема доверба од пациентите и не случајно најголем број пациенти доаѓаат во оваа поликлиника споредено со другите поликлиники, денвно само доаѓаат околу 1500 пациенти, ова ќе биде значаен чекор“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

poliklinika bukurest_1_resize
Во градската општата болница „8 Септември“ завршија градежните активности, сега има нови лифтови. Реконструирани се 4.800 метри квадратни површина направена по најмодерните стандарди.
„Очекувам дека со заокружувањето на овој инфраструктурен зафат уште повеќе ќе се подигне задоволството на пациентите, но и задоволството на оние коишто работат тука на медицинскиот персонал и на медицинскиот помошен персонал“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Инвестицијата е вредна еден милион евра. Останува уште една фаза за интервенција, рекострукција на фасадата и еден помал дел во самата зграда кој ќе биде следен проект на Владата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top