Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Роман Уранjек во „Мала станица“

Изложба на Роман Уранjек во „Мала станица“

uranjek izlozba vo skopje_1

Во „Мала Станица“ при Национална Галерија на Македонија отворена е изложбата со наслов „At least one cross a day after 1.1.2002“ на Роман Уранјек. Уранјек е реномиран уметник, кој живее и работи во Словенија и е еден од основачите на светски познатиот колектив „ИРВИН“.
Поставката содржи дела конципирани во книги, како проект разработен во неколку тематски целини, кој Уранјек го работел секој ден. Секоја книга е со околу 48 фотографии (48 дена и 48 фотографии), каде што е присутен симболот на крстот. Книгите можат да се поделат како фотодневници за секоја година, почнувајќи од 2005 до 2013 година, а книгата вклучува и најмалку по еден оригинален цртеж.

uranjek izlozba vo skopje_3

На изложбата ќе бидат изложени и принтови од графичката мапа изработена за оваа изложба.
Уранјек е реномиран уметник, кој живее и работи во Словенија и е еден од основачите на светски познатиот колектив ИРВИН, дел од култната групација „НСК“. Авторот, почнувајќи од 1 јануари 2012 година (денот кога еврото е платежно средство во Европската Унија), кога го изработува првиот крст, интервенирајќи врз европската валута, го почнува проектот со кој вечерва ќе се претстави пред македонската јавност. Оттогаш постојано во делата го употребува крстот.
Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

uranjek izlozba vo skopje_2

Испрати коментар

Scroll To Top