Насловна / Вести / Започна реализацијата на гасната интерконекција Хрватска – БиХ

Започна реализацијата на гасната интерконекција Хрватска – БиХ

Повикот за избор на консултант за изработка на Студија за влијанието врз животната средина на гасоводот „Јужна интерконекција: Хрватска – Босна и Херцеговина“, веќе е објавен на веб страната на компанијата BH-Gas и на ЕБОР. Така и официјално започна релизацијата на овој долго најавуван проект, односно гасовод кој ќе ги поврзува двете соседни држави. Овој проект е особено значаен за Босна и Херцеговина, бидејќи добива диверсификација во изворите на снадбување со природен гас преку Каспискиот регион, терминалот за ТПГ на островот Крк кој исто така е во фаза на реализација, и сл. На тој начин ќе се зацврсти стабилноста и сигурноста во снабдувањето.

За изработката на Студијата обезбедени се средства од USAID кои ќе бидат реализирани преку ЕБОР. Првите испораки на природен гас преку гасоводот Јужна интерконекција се очекуваат во 2023 година.

juzna2

juzna3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top