Насловна / Градежништво / Започна изградбата на патот Гнеотино – Брод

Започна изградбата на патот Гнеотино – Брод

pat gneotino - brod_1_resize
Во пелагониското село Гнеотино денеска е означен почетокот на изградба на нов локален пат до селото Брод.
Патот ќе биде во должина од три километри и за неговата изградба и асфалтирање ќе бидат вложени околу 20 милиони денари, средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека во изминатите пет години преку оваа програма се реализирани 19,5 милиони евра и се асфалтирани околу 200 километри локални патишта и околу 180 улици.
Финансиските средства за овој проект се обезбедени од самото Министерство преку програмата за рурален развој и изнесуваат 325.000 евра.
„Овој е првиот проект што го доби општина Новаци, а наскоро ќе добие уште два во вкупна вредност од околу 500 илјади евра, со што ќе се овозможи асфалтирање на селски улички во Новаци, Маково и во Бач и асфалтирање на пат до манастирот Св.Илија во селото Живојно“, изјави Димовски.
Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски истакна: „Овој пат за нас е од висок приоритет бидејќи ги поврзува селата од нашата со селата од поранешната општина Бач. Изградбата на овој пат значи поврзување со уште десет села од пограничниот регион, скратување на патната поврзаност од поранешните 40 на 13 километри и други поволности“.

Испрати коментар

Scroll To Top