Насловна / Вести / Започна изградбата на најголемата фотоволтаична електрана во Словенија

Започна изградбата на најголемата фотоволтаична електрана во Словенија

Државната компанија Holding Slovenske elektrarne или HSE, најголемиот словенечки производител на електрична енергија, положи камен темелник за соларна електрана од 3MW во близина на Храстник во Засавје. Засавје е едно од двете подрачја во земјата чии економии се сметаат за зависни од јаглен и минуваат низ трансформација. Се планира капацитетот на оваа фотоволтаична електрана да достигне 16MW до крајот на третата фаза. Ова е далеку најголем развиен проект од овој вид во Словенија, каде во моментот не постои ниту еден систем поголем од 1MW. Подружницата на HSE, Dravske elektrarne Maribor (DEM) претходно објавила план за изградба на соларна електрана од 30 MW.

zasavje1

zasavje2

zasavje3

Испрати коментар

Scroll To Top