По минатогодишниот успех на конкурсот за Музејот на Никола Тесла, белградското биро Bureau Cube Partners (BCP) и британското Zaha Hadid Architects (ZHA) се избрани за победници на меѓународниот конкурс Alta Tower на Нов Белград.
Со катност 3По+Пр+Me+34 и вкупна површина од 79.470 квадратни метри, новопроектираниот објект ќе ги интегрира новото седиште на Alta банка, заедно со станбени единици и канцеларии за изнајмување, покрај трговските и угостителските содржини во рамките на новиот јавен плоштад на ниво на улицата.

Како што истакнуваат BCP и ZHA, проектот за Alta Tower е дефиниран од основните вредности на банката, а тоа се стабилност, безбедност и отпорност.
Новата кула се наоѓа веднаш до трговскиот центар Меркатор и на пешачко растојание од шеталиштето на паркот Ушќе. „Овие единствени услови на локацијата ја дефинираа композицијата и ориентацијата на проектот на 35-катната кула“, наведуваат архитектите.

Подиумот на кулата е скалиран за да се вклопи во околното урбано ткиво. „Со тераси и градини за рекреација и неформални собири, обликувањето на подиумот ја подобрува природната светлина На приземјето се планирани трговски и угостителски содржини, додека пред објектот ќе се формира јавен пешачки плоштад достапен за сите.
„Идната станица Меркатор на линијата 1 од планираното метро ќе се наоѓа веднаш до Alta Tower“, велат од BCP.

Станови со панорамски поглед на градот
Две филијали кои нудат разни банкарски услуги за клиентите на банката Alta се свртени кон булеварот за оптимална пристапност. Нудејќи рамни и отворени јавни простори за сите закупци, жители и посетители, пешачката циркулација е приоритетна во однос на пристапните патишта за возила.
Станбените единици на комплексот се позиционирани на горните нивоа на кулата за да се максимизира панорамскиот поглед на градот. Катовите со канцелариски простор за изнајмување сместени се во подиумот.
Седиштето на Alta банка ги зафаќа долните нивоа на кулата, како и горните катови на подиумот. Извршните катови на банката се наоѓаат на врвот на кулата, со бројни погодности со поглед на градот.

Континенталната клима на Белград влијаела на секој аспект од проектот за се подобрат еколошките перформанси, овозможувајќи употреба на природна вентилација низ целата кула и подиумот.
„Вертикалните жалузини внатре во фасадата ја намалуваат сончева топлина и дефинираат деликатна градација помеѓу непроѕирноста и транспарентноста, истовремено нагласувајќи го флуидниот состав на кулата. Проектот на комплексот е оптимизиран за да се зголеми ефикасноста на модуларноста со користење на материјали и системи набавени локално во Србија“, велат архитектите од BCP.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија