Насловна / Вести / На крајот на октомври во Скопје ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој

На крајот на октомври во Скопје ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој

Повеќе од 300 државни официјални претставници, носители на одлуки, експерти, лидери во бизнисот и претставници на граѓанскиот сектор, ќе се соберат на 28-ми октомври во Скопје на тридневниот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (14 – IFESD). Меѓу главните теми се конективноста во енергетиката, енергетската сигурност, праведната транзиција и меѓународната соработка во енергетиката.

Настанот ќе се одржи во Holiday Inn под насловот „Од цели кон дејствување: Одржливата енергетика како движечка сила за иднината (From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy). Форумот ќе биде платформа за скицирање на изводливи стратегии за забрзување на напредокот кон остварување на глобалните цели за одржлива енергетика. Еден од сегментите во текот на првиот ден на настанот ќе биде посветен на можностите за ублажување на емисиите од метан во секторот јаглен. Дискусијата ќе биде во хибриден формат – со физичко присуство и онлајн.

Испрати коментар

Scroll To Top