Насловна / Вести / Загреб започна со реализација на програмата „Сончеви покриви“

Загреб започна со реализација на програмата „Сончеви покриви“

Град Загреб обезбедил неповратни средства од Норвешкиот финансиски механизам за инсталирање на соларни електрани на покривите на осум јавни згради. Со скромна вкупна инсталирана моќност од 1,4MWp ова е само почеток на реализацијата на програмата „Сончеви покриви“ (Sunčani krovovi), која на крајот на минатата година ја усвои градскиот парламент. Програмата подразбира инсталација на фотонапонски панели со вкупна инсталирана моќност од 50 MWp до 2024 година.

загреб1

Во рамките на оваа програма, целта е да се постават фотонапонски централи на покривите на 500 јавни објекти. Партнери во овој проект се Град Загреб, Zagrebački holding и REGEA (Regionalna energetska agencija severozapadne Hrvatske). До крајот на годинава се очекува вкупно 100 згради да ги добијат своите фотонапонски електрани, откако комплетно ќе биде завршена проектната документација која е веќе во процес на изработка.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top