Насловна / Вести / Загреб инвестира 21 милион евра во инфраструктура за електрични автобуси

Загреб инвестира 21 милион евра во инфраструктура за електрични автобуси

Загреб ќе добие 62 дупли полначи, со што ќе бидат обезбедени 124 места за полнење на електрични нископодни автобуси. Реализацијата на овој потфат е овозможена врз основа на договор за доделување на неповратни средства, потпишан помеѓу Министерството за стопанство, Загребскиот електричен трамвај и Фондот за заштита на животна средина и енергетска ефикасност.

Договорот е потпишан во склоп на повикот „Изградба на инфраструктура за полнење на електрични автобуси“, а неговата вредност изнесува околу 21 милион евра. Проектот се финансира преку Националниот план за опоравок и отпорност 2021-2026 и насочен е кон декарбонизација на јавниот градски превоз.

И други градови во Хрватска се посветени на декарбонизацијата на сообраќајот, што е видливо преку проектите кои Фондот ги финансира. Фондот насокоро ќе објави и јавен повик за поттикнување на купување на електрични автомобили за правни лица во вредност од 21,2 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top