Насловна / Ентериери / Забавен ентериер како рефлексија на играта Candy Crush

Забавен ентериер како рефлексија на играта Candy Crush

Креирани од шведската дизајнерска компанија Adolfsson & Partners, канцелариите на светски познатата игра Candy Crush со локација во Стокхолм, претставуваат креативно, забавно и инспиративно место за работа. Просториите се поделени во тематски зони поставени околу различни пејзажи каде се инкорпорирани ликови и дизајни од King games.

канцеларија-1

канцеларија-3

канцеларија-5Во канцелариските простории доминира колоритноста проследена со доза на хумор и интелигентни решенија, односно ентериерот е дирекна рефлексија на играта што ја создаваат.

канцеларија-6

канцеларија-9

канцеларија-10На самиот влез е поставено бирото за рецепција коештo е бело и има јајцевидна форма. Најголемиот простор, кој се нарекува Pavilion Park, е дизајниран како просторија за забава. Останатиот простор се приватни канцеларии, простории за состаноци и места за релаксација.

канцеларија-11

канцеларија-13

канцеларија-14Работните зони меѓусебно се одвоени со платна во форма на дрвја, бранови или некој друг инспиративен пејзаж, во зависност од делот каде се наоѓаат. Ова овозможува да се создаде подобра звучна изолација.

канцеларија-15

канцеларија-16Во склоп на канцелариите се наоѓа библиотека и различни направи за играње на вработените за време на нивната пауза. Со ваквиот дизајн се создава простор во кој вработените работејќи може да се инспирираат од околината и дизајнот што ги опкружува.

канцеларија-17

канцеларија-18

канцеларија-19

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top