Насловна / Вести / За улици без автомобили: возила кои се движат во подземни цевки

За улици без автомобили: возила кои се движат во подземни цевки

Бирото PLP Architecture предложи план наречен CarTube, кој вклучува изградба на подземна мрежа на цевки со големи транспортни ленти кои би ги поместувале возилата од едно место до друго. Таквото решение значително ќе ги растерети улиците од автомобили, кои на тој начин, би можеле да се претворат во зелени зони, пишува TreeHuger.podzemen-soobrakjaj-vo-cevki_1

Како што пишува Architects’ Journal, CarTube е следното „најдобро нешто после телепортација“, како да се интегрира постојната инфраструктура во големите градови со мрежи од мали подземни тунели. Автоматизираните автомобили би се „движеле како војници“, што всушност значи дека движењето би било организирано во групи, а со помош на вештачката интелигенција. Благодарение на неа, автомобилите би се движеле со мала меѓусебна дистанца, што значи дека на тој начин се зголемува капацитетот на патот, односно тунелот.

Според проектот, овој систем од цевки двојно би ги зголемил транспортните капацитети на градови со истите инвестиции како и за класичниот јавен транспортен систем, а притоа би се намалило времето на патување за 75%.podzemen-soobrakjaj-vo-cevki_2

Lar Hesselgren, директорот за развој во бирото PLP Architecture, изјави дека CarTube концептот е „директен одговор на масивните транспортни системи кои се применуваат во големите градови“.

CarTube има потенцијал да направи пресврт во сообраќајот на постоечките градови и да овозможи создавање на нови урбани форми.

Овој концепт веќе доби една сериозна критика. Имено, Francesca Perry за „Гардијан“ изјавила дека таков систем е скап и дека тоа ќе биде тешко да се спроведе поради постојната канализација и водоводни мрежи, темелите на зградите и целата подземна инфраструктура. Таа, исто така, истакна дека овој систем е голем предизвик за професијата и го покрена прашањето дали е воопшто можно такво нешто.

Испрати коментар

Scroll To Top