Насловна / Вести / За доброто на планетата, нафтата, гасот и јагленот треба да останат под земја

За доброто на планетата, нафтата, гасот и јагленот треба да останат под земја

Речиси 60 отсто од резервите на нафта и гас и 90 отсто од јагленот треба да останат под земја, ако сакаме да ги одржуваме просечните температури да се искачуваат на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

Во 2015 година, потписниците на Парискиот климатски договор се обврзаа дека ќе преземат чекори за да го запрат порастот на температурата над прединдустриското ниво до два Целзиусови степени и да се погрижат да го ограничат растот на 1,5 степени.

planeta

Сепак, фосилните горива продолжуваат да доминираат како главен извор на енергија, а светската економија останува зависна од нафта, гас и јаглен.

Затоа, научниците во новата студија користејќи модели на глобални енергетски системи се обидоа да одредат колку фосилни горива ќе треба да останат под земја за да постигнат 50 отсто шанси за ограничување на порастот на температурата до 1,5 степени.

До 2050 година, речиси 60 отсто од резервите на нафта и природен гас и 90 отсто од резервите на јаглен мора да останат неискористени, велат научниците во новата студија објавена во списанието „Nature“.

Според нивните проценки, тоа значи дека до 2050 година, производството на нафта и гас ќе треба да опаѓа за околу три отсто секоја година. Затоа, економиите на сите региони во светот ќе треба да го достигнат врвот на експлоатација сега или оваа деценија и да започнат со постојан пад.

planeta1

Д-р Џејмс Прајс од Универзитетот во Лондон вели дека сите модели што ги спровеле секогаш давале ист заклучок.

“Резултатот што го добиваме повторно е брзо намалување на употребата на фосилни горива и најголемата количина да биде оставена под земја“, посочува Прајс.

Многу новоотворени капацитети за екстракција на гориво и планираните, најверојатно, дополнително ќе ги намалат шансите да ја достигнеме договорената граница за покачување на температурата.

За да бидат работите уште полоши, научниците истакнуваат дека ова „мрачно предвидување“ најверојатно е потценување на она што треба да се направи, односно дека ова е најблагата верзија на она што човештвото треба да го исполни.

“Технички знаеме како да го направиме ова, прашање на волја е навистина да го направиме тоа“, заклучи Прајс за Би -Би -Си.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top