Насловна / Вести / Xiaomi започна да прима нарачки за својот прв електричен автомобил

Xiaomi започна да прима нарачки за својот прв електричен автомобил

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi, се подготвува да го лансира своето прво електрично возило и започна да прима нарачки. Speed Ultra 7 (SU7) ќе чини 65.255 евра. Влегувањето на Xiaomi на пазарот на електрични автомобили се случува во време на забавен раст на продажбата на овие возила на светско ниво, што предизвика раст на цените. Кинеската фирма се надева дека оперативниот систем на возилата SU7, чиј дизајн потсетува на луксузни спортски автомобили, ќе биде привлечен за купувачите, исто како и нивните останати производи. Xiaomi е трет на светот производител на паметни телефони, со удел од 12% на пазарот. Возилото SU7 ќе се произведува во фабриката на државниот кинески производител на автомобили BAIC во Пекинг, каде можат да се произведат 200.000 возила годишно. Xiaomi ќе инвестира 10 милијарди долари во производството на автомобили во наредните 10 години.

1_67

 

Испрати коментар

Scroll To Top