Насловна / Вести / X-66A е новиот авион на NASA и Boeing

X-66A е новиот авион на NASA и Boeing

Американската вселенска агенција NASA го проектираше најновиот X авион во склоп на својот проект Sustainable Flight Demonstrator. X-66A, како што го нарекуваат Американските воздухопловни сили, ќе се произведе во соработка со Boeing, a фокусот е на нето нулта емисија за патничкото воздухопловство во согласност со климатскиот акциски план на Белата куќа. Статусот X на авионите се доделува на развојните програми кои имаат за цел револуција во конфигурацијата на авионите. Овие авиони се дизајнирани само во истражувачки цели и се користат за тестирање на дизајнот и технологијата. Ниту еден од X авионите не влегол во фаза на производство ниту послужил како прототип. Наместо тоа, технологијата на крајот се користи за други дизајни на авиони.

66x1

Наследството на X авионите потекнува од 1940-тите кога Националниот советодавен комитет за аеронаутика (NACA), односно претходникот на NASA, произвел експериментален авион во партнерство со Американските воздухопловни сили и Американската морнарица. Од тогаш NASA означила многу дизајни како X авиони, a најновиот меѓу нив е X-66A. Проектот Sustainable Flight Demonstrator има за цел да внесе револуција во дизајнот на авионите, внесувајќи клучни промени особено во дизајнот на крилата. NASA се здружила со Boeing на овој проект, а познатиот производител на авиони го модифицира моделот MD-90, со цел да се направи авион со пократок труп, нов мотор и нов дизајн на крилата. Се очекува авионот да има долги тенки крила со мотори поставени под нив, како и аеродинамички носачи. Се очекува новите елементи на овој авион како крилата, погонскиот систем и архитектурата, да резултираат во 30% пониска потрошувачка на енергија во споредба со „најштедливиот“ авион во класата кој денес е достапен. Boeing ќе вложи околу 725 милиони долари во X авион, додека NASA ќе обезбеди 425 милиони долари во период од седум години, но ќе ја отстапи и својата техничка експертиза и објекти.

66x2

 

Испрати коментар

Scroll To Top