Насловна / Архитектура / Во Сараево свечено отворен обновениот Олимписки музеј

Во Сараево свечено отворен обновениот Олимписки музеј

Со огномет, во Сараево беше отворена новообновената зграда на Олимпискиот музеј. На свечениот чин во чест на 1984 година и тогашната Зимска олимпијада, присуствуваше и принцот Алберт II од Монако, кој воедно е и претставник на Меѓународниот олимписки комитет.

sarajevo2

Вилата „Мандиќ“ односно Олимпискиот музеј е објект кој со одлука на Комисијата за зачувување на националните споменици на БиХ, уште во 2009 година е прогласен за национален споменик во рамките на комплексот вили од австроунгарскиот период, во сараевската Петраркина улица, кој освен вилата „Мандиќ“ го сочинуваат и вилата Heinrich Reiter, вилата Hermine Radisch и вилата Forstrath Miklau. За вилата „Мандиќ“ е наведено дека е изградена во 1903 година за познатиот сараевски адвокат и политичар, доктор Никола Мандиќ. Автор на проектот е архитектот Карл Паржик. По Првата светска војна, објектот ги имал сите предизпозиции лесно да ја промени својата намена, така што во оваа вила била сместена резиденцијата на амбасадорот на Велика Британија. По Втората светска војна, објектот е национализиран и прогласен за општествена сопственост. Во вилата во 1945 година е сместен Конзулатот на САД, со што е остварен континуитет во дипломатско – конзуларната намена на објектот, која ја имал од крајот на Првата светска војна. Во средината на втората половина на дваесетиот век, објектот повторно ја менува својата функција, и во него се сместуваат општествено политичките институции на тогашната социјалистичка држава. На денот на отворањето на игрите, 8-ми февруари 1984 година, во објектот е отворен Музејот на XIV зимски олимписки игри.

sarajevo5

Работата на музејот е прекината во април 1992 година, кога со почетокот на војната во БиХ, вилата „Мандиќ“ била гранатирана и запалена. Во периодот помеѓу 1992 и 1998 година, запалениот објект без покрив бил изложен на постојано пропаѓање.

sarajevo1

sarajevo4

Во јануари 1998 година, подготвена е „Проектна програма за обнова и реконструкција и новa функционална организација на Музејот на XIV олимписки игри во Сараево“, на авторот академик Иван Штраус, врз основа на која истиот автор ќе го изработи идејното решение.  Според ова идејно решение, во декември 1999 година, изработен е изведбен проект под името “Олимписка академија Сараево, изведбен проект за санација на конструкцијата“, на авторите архитект Драган Бједиќ и градежен инженер Владимир Савковиќ, од проектантската куќа „Архитект“. Реализацијата на овој проект започнала во 2000 година.

sarajevo7

Испрати коментар

Scroll To Top