Насловна / Вести / Вториот протест за чист воздух го надмина првиот

Вториот протест за чист воздух го надмина првиот

Во многу поголем број граѓаните излегоа на вториот протест за чист воздух кој беше под мотото „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“.

IMG_20191129_183516

Граѓанските здруженија и активистите, овој пат организирано поддржани и од студентите и средношколците, протестот го почнаа од пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде се упатија пред Собранието, а маршутата ја завршија пред Владата. И овој пат, исто како и на првиот протест, не изостанаа досетливите транспаренти, а учесниците постојано скандираа „Сакаме да дишеме“, „Сакаме воздух сега“, „Нема воздух, нема мир“, „Воздух, а не профит“, „Долу профитери“.

protest

“Апсолутно го поддржувам правото на граѓаните да протестираат за чист воздух и чиста животна средина“, кажа денеска министерот за животна средина Насер Нуредини.

Протестот почна уште утрово, кога ученици од средни училишта во Скопје ја бојкотираа наставата и се собраа во училишните дворови.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ja разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“, откакo таа утринава им се закануваше со последици на ученици кои се приклучија на бојкотот на наставата како дел од денешниот протест против загадувањето и глобалното затоплување.

protest1

Граѓанските здруженија од целата држава на Владата ѝ дадоа прв рок до 31 декември да исполни повеќе од 100 нивни барања поврзани со животната средина.

Претставниците на невладините организации најавија дека нивните протести ќе продолжат се до исполнување на сите нивни барања и ги потсетија надлежните дека на 31 декември им истекува првиот рок за исполнување на над 100-те барања за чист воздух. Посочија дека протестите ќе се прошират во сите градови во државата, бидејќи, како што рекоа, чистиот воздух им е потребен на сите.

protest2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top