Насловна / Ентериери / Врвни дневни соби на овогодишниот Саем за мебел во Милано

Врвни дневни соби на овогодишниот Саем за мебел во Милано

Кадифе во зелена, портокалова и кралско сина нијанса во комбинација со парчиња од црна кожа во неутрална кафена, беж или црна боја се хитот на овогодишниот Salone del Mobile.мебел за дневни соби_14

Тоа се трендовите што може да се приметат дека се повторуваат на штандовите на најпознатите компании на саемот. Комбинацијата на различни материјали во однос на едно парче мебел или распоредени во цела соба е тоа што доминира на саемот.ЈАБ-мебел

JAB мебел, портокалово кадифе и кожа

Теписите се претежно со кратки „влакна“ и тоа во црно-бели нијанси, односно со благо прелевање на нијансите. Значи, трендот на „бушави“ теписи е дефинитивно завршен.

Освен портокаловата боја, зелената е најприсутната на саемските штандови. Во една „неутрална“ поставеност, доволно е само да се постават детали, како перници во зелена или портокалова боја, за да се добие дневна соба во тренд.

Кадифените софи и трпезариски столчиња на популарниот бренд Calligaris се во комбинација со метални детали во злато и бакарни нијанси на конструкциите на „клуб столиците“ или на трпезариските столици.

мебел за дневни соби_09

Calligaris – мебел за дневната соба во кадифе

мебел за дневни соби_02

Новиот модел на Calligaris во кадифе и портокалови нијанси

Со луксузната атмосфера доминира штандот на компанијата Flou. Иако се најпознати по своите кревети, тие го привлекоа вниманието на саемот и со мебел за дневна соба.

мебел за дневни соби_06

Луксузен изглед на штандот на италијанскиот производител на мебел Flou

мебел за дневни соби_07

Ethnicraft се претстави со својот препознатлив мебел од полно дрво

мебел за дневни соби_11

Il Loft, мебел со заоблени рабови и ретро стилмебел за дневни соби_12 мебел за дневни соби_10 мебел за дневни соби_13 ЈАБ-мебел мебел за дневни соби_15

Испрати коментар

Scroll To Top