Насловна / Вести / Volkswagen ќе прави поефтини електрични возила, но од 2027 година

Volkswagen ќе прави поефтини електрични возила, но од 2027 година

Германскиот производител на автомобили Volkswagen ќе прави електрични возила по почетна цена од дваесетина илјади евра. Светската премиера на новиот автомобил е планирана за 2027 година. Извршниот директор смета дека компанијата треба да ја комбинира „јасната посветеност на Европа како индустриска локација, европската индустриска политика и секако да дејствува во интерес на европските купувачи“.  И покрај ниската цена, од компанијата уверуваат дека планираниот модел ќе задржи високи стандарди во поглед на технологијата, дизајнот и квалитетот.

Volkswagen се одлучил на ваков чекор со цел поуспешно да се натпреварува на пазарот, првенствено со силните кинески ривали кои имаат пониски трошоци од западните конкуренти. Компанијата со седиште во Волфсбург неодамна објави дека европската индустријат има две до три години за да се подготви за конкурентските закани и предупреди дека опстанокот на автомобилскиот сектор во Европа е загрозен.

Испрати коментар

Scroll To Top