Насловна / Вести / Volkswagen го претстави својот робот за полнење на електрични автомобили

Volkswagen го претстави својот робот за полнење на електрични автомобили

Компанијата Volkswagen го претстави новиот и визионерски концепт за полнење на електрични автомобили. Имено, станува збор за мобилни роботи кои во иднина целосно автономно ќе ги полнат електричните возила, што практично значи дека секое паркинг место може да стане простор кој има полнач за овие возила. Мобилните роботи за полнење се активираат со помош на апликација и со помош на Car-to-X комуникација, се возат до електричниот автомобил и комуницираат со него. Целиот процес од отворање на поклопецот на приклучницата, па до раздвојувањето, се одвива без потреба од човечка интеракција. “Мобилниот робот за полнење ќе предизвика целосна револуција кога е во прашање полнењето на автомобили на различни паркиралишта, како што се повеќекатници, поединечни паркинг места и поздемни паркиралишта, бидејќи во случајов инфраструктурата за полнење се носи до автомобилот, а не обратно. Со ова речиси секое паркиралиште станува „електрично“, објаснува шефот на развој во Volkswagen.

Компанијата не прецизира кога овие роботи ќе бидат достапни за комерцијална употреба, но истакнува дека тоа ќе се случи наскоро.

Bilder Beltz

VWrobots2

VWrobots3

 

Испрати коментар

Scroll To Top